Volkswagen на престојниот автомобилски саем во Женева ќе го претстави својот концепт на автономно електрично возило – I.D. Vizzion

Овој седан со четири врати претставува визија за целосно автономни возила, кои немаат управувач, педали, дури ни контролен панел.

Концептот Vizzion треба да демонстрира необичен дизајн и интерфејс базиран на петто ниво на автономно возење. Ниво 5 претставува врв во самоуправувачките автомобили, каде што не е потребна човечка асистенција.

Барем не во повеќето сценарија на патиштата. Во случајот на I.D. Vizzion, човечка интервенција можеби воопшто и нема да биде директно можна.

Наместо волан, педали и контролна табла, VW ќе демонстрира сосема нов контролен интерфејс, кој може да ги сруши сите претходни концепти на автономни возила.

Дизајнот предвидува централна конзола во средина на возилото кое нема В столбови. Суштината на секој концепт е да се променат вообичаените шаблони, така да ова е дефинитивно случај со I.D. Vizzion.

Возилото нема да се најде во производство и на патиштата, но сигурно ќе постави некои прашања за иднината на автомобилската индустрија.