Во Citroen одлучиле да ја заменат ознаката Picasso на своите MPV модели, па така семејните возила од фамилијата C4 Picasso во иднина ќе се викаат C4 Spacetourer

Промената се однесува на двете верзии на C4 Picasso – варијантите со 5 и 7 седишта – па така стандардниот C4 Picasso ќе стане C4 Spacetourer, а Grand C4 Picasso ќе биде преименуван во Grand C4 Spacetourer.

Според изданието Autocar, ова е направено за номенклатурата на MPV моделите на Citroen со средна големина да се изедначат со големиот ван Spacetur со девет седишта. На овој начин, веруваат во француска компанија, потрошувачите ќе имаат појасна идеја за кој сегмент на автомобили им припаѓаат овие возила.

Колку за потсетување, Citroen неодамна ја исфрли ознаката Picasso и од друг модел кој го користеше овој додаток во името на моделот – Citroen C3 Picasso е заменет со сосема нов модел C3 Aircross.

Сегашниот C4 Picasso е модернизиран во 2016 година, кога се освежени дизајнот на надворешноста и внатрешноста на возилото.

Во 2017 година, Citroen продал речиси 100.000 примероци од C4 Picasso и Grand C4 Picasso во Европа, консолидирајќи ја својата позиција во овој автомобилски сегмент.