Volkswagen работи на SUV кабриолет
Автомобилската индустрија полека но сигурно добива нов тренд – кросовер кабриолет
Иако Nissan Murano CrossCabriolet не успеа на пазарот, Land Rover сепак го лансираше Range Rover Evoque Convertible.
Веројатно тоа доказ за другите производители дека идејата сепак не е бесмислена, а првиот по Land Rover кој ќе се приклучи кон овој тренд ќе биде Volkswagen.
Како што е најавено, VW планира кросовер кабриолет базиран на својот најнов SUV модел T-Roc во првата половина на 2020 година.
Притоа, VW планира да инвестира околу 80 милиони евра за лансирањето на кабриолет верзијата на T-Roc на пазарот, а планот е производство на околу 80.000 примероци годишно.
„VW се фокусира на SUV сегментот. Моделот T-Roc веќе постави нови стандарди во компактната класа. Со кабриолет базиран на T-Roc, ќе воведеме нова емоција во оваа класа“, вели директорот на компанијата Херберт Дис.
Новиот T-Roc на пазаот е од неодамна, а VW веќе има околу 70.000 нарачани возила. Моделот ги има сите предиспозиции да стане попопуларен и од Tiguan.