Истражување: Кои возачи според возилото што го управуваат се најнепристојни

0

Возачите на BMW M3 се најнепристојните возачи

Ништо пољубезни не се ни луѓето кои управуваат Range Rover или Audi TT. Ова е докажано со истражување спроведено во Велика Британија на примерок од 2.000 возачи.

На четвртото место на листата на најнепристојни возачи се оние кои управуваат Mercedes-Benz C-Class, на петтото возачите на Ford Transit.

Од шестото до десеттото место следуваат: на шестото место се возачите на Porsche 911, па потоа на VW Golf, Vauxhall Corsа, Nissan Qashqai и на 10-то место возачите на Vauxhall Astra.

Студијата укажува на уште една загрижувачка работа, а тоа е дека возачите од Лондон се најбезобзирни кон другите учесници во сообраќајот, додека оние од Велс се најљубезни.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »