Како што пренесува изданието Вашингтон пост, просечното патување до работносто место во САД во 2018 година траело 27,1 минути

Тоа е за две минути повеќе од пред десет години, што значи дека возачите возат 20 минути подолго секоја недела.

Севкупно, просечниот Американец троши 225 часа годишно патувајќи кон и од дома.

Истражувањата покажуваат дека зголемувањето се должи на зголемениот број на работници кои имаат долги патувања за работа. Скоро 10% од луѓето патуваат до работа најмалку 60 минути, додека дури 1 милион луѓе треба да патуваат 90 минути.

Подолгите патувања логички имаат голем број на негативни ефекти, како што се зголемување на дебелината, разводи и сè почести отсуства.

Покрај тоа, подолгите патувања значат и поголема потрошувачка на гориво, а со тоа и поголеми емисии на штетни гасови.

Спасот би можел да се најде во автономното возење. Иако целосно автономно возење е сè уште далеку, модерните системи можат значително да го олеснат и да ги направат подолгите патувања помалку стресни и побезбедни.

Loading...