Ако милевте дека 5,8 милиони долари за автомобил е ненормална цена, тогаш за еден месец очекувајте нешто уште „поненормално“…

Bugatti Divo (5.800.000 долари)

Францускиот производител на суперавтомобили, Bugatti, на авто алонот во Женева на почетокот од следниот месец треба да донесе автомобил со вредност од 16 милиони евра

Според некои медиуми, на најпопуларниот салон за автомобили во Европа, Bugatti ќе претстави уникатен хиперавтомобил. Истиот е нарачан од никој друг, туку од 81-годишниот Фердинанд Пиех, поранешен директор на групацијата Volkswagen, воедно внук на Фердинанд Порше.

Гореспоменатиот хиперавтомобил ќе ja предводи гамата на Bugatti во Женева со која ќе се одбележи 110-годишнината од отворањето на компанијата.

Автомобилот е заснован на моделот Chiron, а како и варијантата Divo се одликува со уникатна каросерија која ја „пумпа“ вредноста на неверојатни 16 милиони долари.

Под хаубата се очекува модифициран 8.0-литарски квад-турбо W16 кој треба да развива повеќе од 1.500 КС и 1.600 Nm, колку што развива и стандардната верзија.

Покрај овој автомобил, Bugatti, во Женева ќе има и специјално роденденско издание – Chiron Spot 110 Ans Editon.