Наместо роденденска торта, пред нас е специјална изведба на Chiron

Серијата е ограничена на 20 примероци и е заснована на Sport изведбата, што значи дека има дополнителни избрусени перформанси. И додека првиот Bugatti имал мотор од 10 КС и возел до 80 km/h, славеничкиот модел ќе може да развие максимални 420 km/h со 1.500 КС моќниот погонски агрегат.

Моделот ја носи ознаката 110 Ans Bugatti, а од останатите изведби се дистанцира со изобилството на карбон и специјалната сина боја наречена Steel Blue. Тробојното знаме, се разбира француското, е буквално насекаде. Надвор и однатре, од спојлер до седиште.

 

Тука се и специјалните тркала, но за посебен впечаток, сепак, е потребен контакт во живо. А тој најверојатно ќе биде во Женева, каде што оваа специјална лимитирана изведба треба да ја има својата премиера пред публика.