Верстапен тримфално на првата ГН на Мајами! / ФОТО+ВИДЕО
Холанѓанецот Макс Верстапен е големиот победник на првата во историјата F1 трка за Големата награда на Мајами.
Актуелниот светски шампион на тој начин ја постигна втората последователна и трета победа во шампионатот (23-та во кариерата), а со тоа и ја намали разликата во генералниот пласман зад водечкиот возач на Ferrari, Шарл Леклер. Леклер трката ја заврши на второто место, додека неговиот тимски колега Карлос Саинц го освои третото место.
Се чини дека клучниот потег на патот до триумфот се случи на стартот, кога Верстапен го престигна Саинц, по што веднаш можеше да тргне во потера по водечкиот во трката, Шарл Леклер. Можноста да го престигне ја доби во деветтиот круг, успешно го направи тоа, по што брзо почна да гради предност пред младиот Монаќанец, кој во трката за поголема драма се врати дури во самиот финиш откако на патеката излезе возилото за безбедност.
Clinical from Verstappen ?#MiamiGP #F1 pic.twitter.com/HkwmfHQlA2
— Formula 1 (@F1) May 8, 2022
До забавување на трката дојде по инцидентот меѓу возачот на Mclaren, Ландo Норис и Пјер Гасли во болидот на AlphaTauri во 41-от круг од трката.
A dramatic end to Norris's race after contact with Gasly ?#MiamiGP #F1 pic.twitter.com/IM4tJoWjO1
— Formula 1 (@F1) May 8, 2022
По рестартот на трката до крајот остануваа само уште 11 круга.
Леклер долго притискаше на помалку од секунда зад Верстапен, но никако не успеваше да дојде во позиција за напад. Зад нив двајца, Саинц беше на сигурен пат до третата позиција се до излезот на безбедносното возило, која на крајот и успеа да ја задржи и покрај сериозните напади и притисок од Серхио Перез. Мексиканецот во еден момент дури и успеа да се најде пред Шпанецот, но само на кратко затоа што Саинс одлично реагираше и веднаш ја врати третата позиција.
На крајот, Перез мораше да се задоволи со четвртата позиција, со две секунди заостанување зад Саинц и осум секунди предност пред петопласираниот Џорџ Расел во Mercedes. Британецот првиот бокс и промена на гумите го направи дури за време на возилото за безбедност, по шти по возачкото надмудрување со тимскиот колега Хамилтон стигна до петтото место. И двајцата многу се мачеа со Валтери Ботас во Alfa Romeo, кој направи грешка и дозволи да биде минат од двата возачи на Mercedes, но и покрај тоа тој успеа на крајот да каврши како седми.
Возачот на Алпине, Естебан Окон го освои осмото место, по стартот од опашката на колоната, пред неговиот тимски колега Фернандо Алонсо. Двократниот светски шампион стигна до деветтото место и покрај казната од пет секунди за контакт со Гасли. Последниот бод му припадна на Алекс Албон во Вилијамс.
Во генералниот пласман, Леклер и натаму води со 104 бода по петтата трка сезонава. Макс Верстапен со 85 бодови е се поблиску до лидерот во шампионатот.
Следната трка од шампионатот се вози за две недели (22 мај) во Шпанија.
2022 Miami Grand Prix: Резултати
2022 Miami Grand Prix: Qualifying Highlights
2022 Miami Grand Prix: Race Highlights
2022 Miami Grand Prix: Изјави по трката
Макс Верстапен: „Тоа беше неверојатна трка. Физички беше многу тешко, но затоа беше возбудливо до самиот крај. На патеката се чувствуваме како вистински борци. Многу сум задоволен што успеав да победам овде во Мајами. Ова беше прилично неверојатен ден за нас“.
Чарлс Леклер: „Физички трката беше многу тешка. Многу се мачевме на почетокот со среднотврдите гуми. Тогаш и ја загубивме лидерската позиција и тоа ја искомплицира трката. Бевме конкурентни на тврдата компонента и кон крајот мислев дека можам да го заобиколам Макс, но тие сепак имаа предност денеска. Како и да, беше забавно и се надевам дека приредивме добро шоу. Се надевам дека така ќе продолжи. Мора да продолжиме да притискаме и верувам дека сега можеме да почнеме да правиме чекори напред во остатокот од сезоната. Овој почетен дел од сезоната донесе многу возбуда и тоа е она што луѓето сакаат да го видат“.
Карлос Саинц:„И порано го имав ова чувство. По инцидентот во петокот имав болки во вратот кои беа присутни и на трката, но успеав се да одработам. Перез беше на средни гуми и беше тешко да го задржам зад себе, но успеав“.