Ново славје за Холанѓанецот Макс Верстапен. Овој пат на патеката Спа-Франкоршамп за ГН на Белгија

Лидерот во шампионатот во Белгија стигна до својата деветта сезонска победа (вкупно 29-та во кариерата) откако трката ја започна од 14-тото место, најниска позиција од која некој победил уште од триумфот на Луис Хамилтон на ГН на Германија во 2018 година.

Најблиску до холандскиот возач беше неговиот тимски колега Серхио Перес, а Шпанецот Карлос Саинц Јуниор во Ferrari го затвори списокот на возачи на победничкиот пиедестал.

Макс Верстапен, на еден од двата домашни терени, бидејќи е роден во Белгија, а мајка му е Белгијка, продолжи таму каде што застана пред четири недели во Унгарија, кога славеше по стартот од 10-та позиција. Овој пат се чинеше дека ќе има потешка работа, но се испостави дека му требаше помалку од половина од трката за да го преземе водството пред брзо да се одлепи. Во Спа, Верстапен демонстрираше сила во форма на брзина, на која никој не можеше дури ни да се приближи, иако мора да се каже дека му помогнаа и низа инциденти на самиот почеток на трката, поради што на патеката мораше да излезе возилото за безбедност.

Уште на стартот дојде до контакт меѓу Луис Хамилтон во Mercedes и возачот на Alpine Фернандо Алонсо, од кој седумкратниот светски шампион го извлече подебелиот крај. 

Неколку свиоци подоцна Николас Латифи направи грешка и се сврте на патеката при шого закачи и Валтери Ботас кој излета од патеката и се заглави во чакалот. 

Недолго потоа, Хамилтон исто така застана покрај патеката, поради што раководството на трката немаше друга опција освен да ја успори, а тој период траеше неколку круга.

Верстапен во тие моменти веќе беше осми, додека Саинц водеше пред Перез, но Холанѓанецот постепено се пробиваше за да во 12-от круг и го преземе водството од Шпанецот. Возачот на Ferrari, инаку, во боксот замина порано од дуото на Red Bull, но во втората половина од трката не можеше да му парира ниту на Перес, а по второто менување гуми, Џорџ Расел почна да го стигнува и ја смалуваше предноста. Британецот, сепак, немаше доволно време за да се обиде да го нападне Саинц па на крајот мораше да се задоволи со четвртата позиција.

И додека Верстапен имаше совршена трка, неговиот навидум главен конкурент за титулата Шарл Леклер имаше многу проблеми. Леклер тргна една позиција зад Холанѓанецот, но мораше да влезе во бокс додека безбедносното возило беше на патеката бидејќи во неговиот систем за сопирање влегла фолија извадена од визир, по што се најде на опашката од колоната. Сепак, до крајот на трката Леклер успеа да се пробие до петтата позиција, за тимот во претпоследниот круг да го повика во бокс во обид да се освои дополнителен поен, што на крајот го чинеше губење на петтата позиција од Фернандо Алонсо (на крајот од трката беше потврдено дека Леклер е казнет со додавање пет секунди на крајното време поради брзо возење во боксот, поради што петтата позиција му припадна на Алонсо). 

Седмото место го зазеде вториот возач на Alpine, Естебан Окон, кој го направи веројатно најдобриот тркачки потег на денот, сличен на оној кога Мика Хакинен го надмудри Михаел Шумахер пред 22 години. Овој пат споредните улоги им беа доверени на четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел и на Пјер Гасли во болидот на Alpha Tauri, кои на крајот ги освоија осмото и деветтото место. 

Листата на освојувачи на бодови ја комплетираше возачот на Williams, Александар Албон.

Во генералниот пласман води Верстапен со 284 бодови, а го следат Перес со 191 и Леклер со 186.

Шампионат во Formula 1 продолжува веќе следниот викенд со трката за Големата награда на Холандија на патеката Зандворт.

2022 Belgian Grand Prix / Резултати


2022 Belgian Grand Prix / Race Highlights

2022 Belgian Grand Prix / Qualifying Highlights

2022 Belgian Grand Prix / Изјави по трката

Макс Верстапен

„Во првиот круг се се сведе на избегнување на контакт. Секакви работи се случуваа напред, но болидот беше како на шини кога сè се смири по безбедносното возило. Избрав добри места за претекнување и ги чував гумите. Така напредувавме, а кога поведовме ја контролиравме ситуацијата и цел овој викенд беше неверојатен“.

Серхио Перез

„Се надевав на подобар резултат, но Макс леташе и беше недопирлив. Деградацијата на гумите беше доста голема, но направивме добра тимска работа и собравме многу бодови. Стартот беше хаотичен и имав лош старт, но се вратив по инцидентот што се случи напред“.

Карлос Саинц Јуниор

„За жал, беше потешко од очекуваното. Имав добар почеток и рестарт, но немаше темпо. Гумите многу се прегрејуваа. Нашиот пакет не беше како што треба, но успеавме да стигнеме до подиумот. Red Bull денес беше во свој свет. Мора да научиме зошто не бевме конкурентни. Зандворт треба повеќе да ни одговара“.

Луис Хамилтон

„Сега кога ќе го погледнам ударот можам да видам дека тој беше во мојата слепа точка и не оставив доволно простор. Моја вина е и му се извинувам на тимот. Не е важно што рече Фернандо подоцна на радио. Како што реков, јас сум виновен и не можев да го видам. Тоа е тркање. Се обидов со маневар однадвор, но не оставив доволно простор. Тоа секако не беше намерно“.

2022 Belgian Grand Prix / Post Race Show