Трката ја одбележа откажувањето на Шарл Леклер поради дефект на моторот во моменти кога беше доминантен на патеката 

Возачот на Red Bull на патеката во Барселона стигна до својата четврта сезонска победа. Интересно, секоја трка што ја заврши оваа сезона беше на највисокото скалило на подиумот. За Холанѓанецот ова е вкупно 24. триумф во кариерата, а го забележа најмногу благодарение на откажувањето на возачот на Ferrari, Шарл Леклер во 27. круг, во моменти кога Монаќанецот беше апсолутно доминантен, но и поради тимската наредба за пропуштање од неговиот тимски колега Серхио Перез.

Најблиску до Верстапен беше Перез, а тоа значи и двојна победа за Red Bull по ред. На третото скалило на победничкиот подиум се најде Џорџ Расел во Mercedes, кој го израмни и својот најдобар резултат сезонава, но и на неговиот тим.

Шарл Леклер беше тој што го одржуваше водството од самиот старт и само ја зголемуваше предноста пред Верстапен и Расел, за да Холанѓанецот во деветтиот круг излета од патеката, но успеа да се врати зад Перез. Неговиот тимски колега не му пружи никаков отпор кога го стигна, но не и Расел, а бранителот на титулата имаше проблем со DRS системот кој час функционираше, час не. Додека двајцата се бореа за втората позиција, Леклер наеднаш почна да го губи ритамот поради дефект на моторот и немаше друго решение освен да се повлече од трката.

Макс Верстапен поради проблемот со DRS-от никако не успеваше да го помине Расел, па од Red Bull се решија на промена на гумите, додека Перез набргу потоа рутински успеа да се најде пред возачот на Mercedes. Благодарение на одличниот ритам по промената на гумите, Холанѓанецот надополни доста време во однос на водечките двајца, а по нивното заминување по нови гуми го презеде и водството. Сепак, по третото влегување на Макс во бокс за замена на гумите, тимот преку тимското радио му соопшти на Перез да го пропушти Макс, иако тој самиот имаше шанса да триумфира. Мексиканецот тоа и го направи но манифестираше незадоволство и порача дека за ова треба да разговараат дополнително. незадоволство.

Возачите на Ред Бул на крајот ги делеа 13 секунди, додека Перез беше речиси 20 секунди пред Расел, кому тимот во финишот му порача дека мора да отпушти гас, во спротивно ризикува да не ја заврши трката. За негова среќа, во тие моменти четвртопласираниот Карлос Саинс Јуниор беше далеку од него. Миленикот на домашната публика успеа да си ја спаси трката откако само два круга претходно излета од патеката на истото место како и Верстапен претходно, по што падна на 11. место од петтото. На возачот на Ferrari во прилог му одеше и тоа на Луис Хамилтон од Mercedes, исто како и Расел, му беше кажано дека има проблем.

Седумкратниот светски шампион генерално имаше одлична трка, откако по контакт со Кевин Магнусен во болидот на Haas уште на стартот од трката, падна длабоко во поредокот.

Британецот го советуваше тимот да го повлечат од трката и да го сочуваат моторот, но му беше кажано дека има шанса да биде најмалку осми, а на крајот успеа да биде дури петти, пред возачот на Alfa Romeo, Валтери Ботас. Во бодови завршија и Естебан Окон во Alpine, Ландо Норис во McLaren, двократниот светски шампион Фернандо Алонсо во Alpine и возачот на AlphaTauri, Јуки Цунода.

По триумфот во Шпанија, Верстапен е новиот лидер во генералниот пласман со 110 бодови, пред Леклер кој има шест помалку, додека Перез е трет со 85.

Шампионатот во Formula 1 продолжува веќе следниот викенд со трката за Големата награда на Монако.

2022 Spanish Grand Prix / Резултати

2022 Spanish Grand Prix / Race Highlights

2022 Spanish Grand Prix / Изјави по трката

sun win

sunwin

game bài sunwin sunwin club sunwin tài xỉu

sun win

sunwin