Има ли подобра презентација за новиот Defender и неговите можности од возачки акробации во новиот филм за агентот 007

На 20 март, Land Rover ќе лансира промотивно видео кое е веќе најавено преку официјалниот канал на YouTube. Во најновата епизода од серијалот за Џејмс Бонд, „No Time to Die“, Defender ќе игра важна улога, барем кога станува збор за акционите сцени. Судејќи според тоа што може да се види во спектакуларните сцени на потера, вклучени се повеќе Defender возила, и сите се неприкосновени на терен. Во текот на снимањето биле користени десет сериски примероци без никакви модификации, но не е познато колку останале „живи“.