Секоја година, шеикот рутински пренесува примероци од својата егзотична флота во Лондон, а тоа се Bugatti Divo, Lamborghini Sian и Ferrari Monza SP2.

Bugatti Divo

Во Европа доаѓа летото, а со тоа и богатите луѓе од Блискиот Исток. Еден шеик од Катар штотуку испрати неколку од неговите омилени скапи хиперавтомобили во Лондон.

Британскиот јутјубер TheTFJJ бил таму кога трите автомобили на шеикот биле истоварени доцна во ноќта, по што се упатиле на патиштата во главниот град на Обединетото кралство.

Автомобилите се во сопственост на шеикот Калифа бин Хамад бин Калифа Ал Тани, познат и како К.Х.К. Тој, секоја година, рутински пренесува примероци од својата егзотична флота во Лондон, а оваа година главни „адути“ му се Bugatti Divo, Lamborghini Sian FKP 37 и Ferrari Monza SP2.

Bugatti Divo е обоен во темно сива нијанса во контраст со црвените, сините и белите риги кои се нанесени во стилот на боите на француското знаме.

Францускиот хиперавтомобил има и комплет сребрено-црни фелни зад кои се кријат црвени клешти на сопирачките. Иако е тешко да се види автомобилот добро ноќе, веројатно ќе го видиме на некои следни видеа на YouTube како крстарат низ Лондон во следните денови и месеци.

Lamborghini Sian FKP 37

Ferrari Monza SP2

Што се однесува до Sian, тој е навистина импресивен благодарение на неговата виолетова нијанса, која е во контраст со јаглеродните влакна и златните бандажи. Последен автомобил, но не и најмалку важен е Ferrari Monza SP2 завршен со двобојна сива завршница што изгледа релативно суптилно во споредба со Sian.

Иако шеикот не објавува фотографии од своите автомобили на социјалните мрежи, знаеме дека неговиот возен парк се состои од некои од најретките и најскапите суперавтомобили и хиперавтомобили кои постојат. Во 2016 година, на пример, тој во Лондон ги довел своите McLaren P1, LaFerrari, Porsche 918 Spyder и Bugatti Veyron Rembrandt, а следната година Pagani Huayrа BC, Lamborghini Centenari, Ferrari F12tdf и Bugatti Chiron.