Руперт Штадлер, извршен директор на автомобилскиот производител од Инголштад, Германија, компанијата Audi, е уапсен за време на истрагата за манипулација со резултатите од емисиите на издувни гасови

Вести која е потврдена од Volkswagen, матичната компанија на Audi, доаѓа само една недела откако резиденцијата на Штадлер во рамките на истрагата беше детално претресена од страна на полицијата.

„Обвинетиот се појави пред истражен судија кој нареди притвор“, се вели во соопштението на обвинителството во Минхен.

Обвинителите тврдат дека Audi продал најмалку 210.000 дизел мотори опремени со нелегален софтвер, кој ја исклучува контролата над емисиите на јаглерод диоксид при возење во САД и во Европа од 2009 година наваму, а под истрага за наводна измама се и нелегални производи во моделите за изминатата година.

Во почетокот на февруари, полицијата го пребара седиштето на Audi во Инголштад и канцелариите во фабриката Нексалсум во јужна Германија.

Повеќе од 20 лица од групата VW се под истрага, но досега само еден e формално обвинет, а тоа е поранешниот шеф на одделот за развој на моторите на Audi и член на извршниот одбор на Porsche. Човек, кој не е именуван според германското право за приватност, е во притвор од неговото апсење во септември 2017 година.

Инаку, скандалот со манипулација со емисиите на издувни гасови за прв пат ја погоди групацијата Volkswagen во септември 2015 година, кога VW призна дека манипулирал односно ги изменил резултатит за загадувањето на повеќе од 11 милиони дизел возила продадени во светот.

Во исто време, големите автомобилски компании во Германија тврдат дека приказната за штетните ефекти на дизел горивото е премногу надувана и дека ова е глобална војна против производителите на дизел автомобили.

Tие се уште имаат став дека тоа е најекономичен и најчист начин на напојување возила, и дека и понатаму ќе продолжат со производството на автомобили со дизел погон.