Веројатно на сите им е јасно дека неискусните тинејџери зад воланот се потенцијално опасни учесници во сообраќајот, но ризикот се зголемува драматично ако автомобилот е полн со млади луѓе на таа возраст

Истражувачката организација ААА спровела студија за сообраќајни незгоди во кои актерите се тинејџери.

Студијата покажала дека бројот на смртни случаи се зголемува за дури 51% во сообраќајните незгоди во кои има неколку тинејџери во возилото, во споредба со ситуациите кога тинејџер се наоѓа сам зад воланот. Она што е уште повеќе шокантно, се однесува на фактот дека стапката на морталитет е толку повисока, за апсолутно сите учесници во несреќата, вклучувајќи ги тинејџерите сопатници, пешаците и патниците во други возила, па дури и велосипедистите. Звучи сосема логично, бидејќи нели „ред е тинејџерот да се докаже како бестрашен и семоќен возач пред врсниците“.

Објаснувајќи го понатаму дека процентот од 51, произлегува дека најзагрозени се возачите на другите возила, за кои веројатноста е поголема од 56% дека ќе страдаат, во споредба со ситуација во која во нивното возило би било удрено од автомобил во кој има само еден тинејџер, или возач.

Самиот возач тинејџер има за 45% поголем ризик од загинување на патот, пешаците и велосипедистите за 17%, во истата споредба. Покрај тоа, истражувањето покажало дека бројот на смртни случаи е четири пати зголемен во случај на ноќно или брзо возење.

Откако аналитичарите на ААА се соочиле со наодите од сопственото истражување, предложиле и начини за да им се помогне на младите возачи да не влезат во ризични ситуации. Ова се нивните предлози.

Главната работа е тинејџерите да се оневозможат, колку што е можно подолго, да се возат со своите врсници во автомобил. Препорачливо е барем во првите сто часа возење тинејџерите да ги извозат во друштво на родител или постар, по што добар преоден чекор би бил возење со најмногу еден врсник во возилото, повторно во присуство на некој позрел сопатник, во временски период од најмалку шест месеци.

Секако дека ова истражување не открива нешто што не ни е познато, освен степенот на влијание на другите тинејџери на возачот, врсник. Токму затоа многу американски држави имаат прописи кои се многу блиски до овие препораки. Не е дека слични одредби не постојат и во нашите закони.

Дополнителен поттик за предлогот совозачкото седиште да го исполнува искусен човек дава еден наод од истражувањето, кој покажува дека стапката на смртност во несреќи во кои постара личност е присутна до возачот тинејџер е пониска за 8%, а напротив, се зголемува за 35% ако зад воланот има само тинејџер.