Toyota Prius преминува во кросовер сегментот?!
Toyota Prius со години доминираше на пазарот на автомобили со алтернативен погон, но поради зголемената популарност на електричните возила и кросовер сегментот се чини дека полека но сигурно ја губи трката
До 2014 година, годишната продажба на Prius е повеќе од 200.000 единици во САД, по што почнува сериозната криза. Toyota минатата година испорачала само 108.000 примероци.
Во Toyota се свесни за проблемот, па затоа размислуваат за голем број на промени во новата генерација на моделот. Сепак, во Toyota се убедени дека Prius не треба да стане целосно електричен автомобил, бидејќи во тој случај веќе нема да биде ценовно прифатлив, што е важен адут на Toyota во продажбата на ова возило.
Јапонскиот гигант има искуство со ова, бидејќи пред неколку години Toyota беше меѓу првите произведувачи на автомобили кој понуди електричен автомобил во форма на RAV4 SUV, но за него немаше побарувачка.
Токму затоа, Toyota бара нова насока по кој ќе се движи популарниот хибрид, а одговорот лежи во погонот на сите тркала.
Со оглед дека на тоа дека од EV пазарот на автомобили попопуларен тренд се SUV и кросовер моделите, можеби Toyota планира „малку да го подигне“ Prius и да го протне во овој сегмент. Според гласините, Toyota планира да додаде дополнителен електричен мотор на задната оска за следната година и со тоа големи очекувања од оваа верзија на Prius, бидејќи веруваат дека погонот 4×4 лесно може да ја зголеми продажбата на овој модел во САД за 25%.
Погонот на сите четири тркала Prius треба да го направи и попожелен автомобил за купувачите во некои делови на светот со постудена клима, каде снегот и мразот се дел од секојдневниот живот.
Со оглед на популарноста на RAV4 Hybrid, нема сомневање дека помал SUV од Toyota сигурно би бил баран.