Јапонската компанија го зголеми водството пред конкурентите

Јапонскиот производител Toyota продал најмногу автомобили во февруари годинава, покажуваат статистичките податоци на Focus2move. Така, компанијата продолжува со одличното пазарно преставување, со удел на пазарот од 11,5% или 1,32 милиони продажби (+2,2%) и зголемување на предноста во однос на другите производители и покрај пандемијата со COVID-19.

Далеку зад Toyota е Volkswagen со пазарен удел од 6,5% и продажба од 740.876 возила. Германскиот концерн има пад од 2,1% во споредба со февруари 2020 година. На третата позиција е Honda со 595.850 продадени автомобили (+ 9,6%). Со овој резултат Honda e за 3 места погоре во рангирањето споредено со истиот месец минатата година.

На четвртото место во февруари е Ford – 589.167 единици (-17,9%), со тоа што американскиот производител e една позиција подоле во споредба со претходното рангирање. На петтото место е Hyundai со продажба од 588.534 единици (+3,6%).

Во првите десет се и Nissan – 577.936 продажби (+0,5%), Chevrolet – 418.406 (-22,5%), Kia – 401.996 (-4,7%), Mercedes-Benz – 363.145 (+4,3%) и BMW – 336.434 (+17,4%).