Во сообраќајна несреќа што се случила под крајно несреќни околности, воз се судрил со камион со неколку примероци на егзотични автомобили

За среќа, нема жртви и повредени во сообраќајната несреќа, но со оглед на извештаите во кои се наведува дека штета претрпеле не само локомотивата и камионот (поточно полуприколка), туку и одреден број превезувани автомобили, извесно е дека сопствениците на осигурителните компании ќе имаат голем проблем. Во внатрешноста на полуприколката, се наоѓал товар кој вклучува, меѓу другото, модели со ознаки Ferrari 488 Spyder, Porsche 911 и Ferrari SF90.

Според извештаите на локалните медиуми, инцидентот се случил во Хјустон, во моментот кога камионот минувал преку пругата каде неочекувано заглавил. Возачот на локомотивата која се приближувала не бил во можност да го запре навреме составот на пругата, иако со сите сили „нагазил“ на системот за сопирање. Така, локомотивата, иако со мала брзина, удрила во централниот дел на транспортерот, кој контактот со земјата го остварувал преку осумнаесет тркала. За жал, тоа било доволно за да се оштети она што било скапоцено во полуприколката.

Очевидец, чии зборови ги пренесуваат и споменатите локални медиуми, објаснува дека возачот на камионот бил новодојденец во областа и дека се обидувал да ја помине пругата во екстремно тесна улица, каде што било тешко да се стори тоа. Човекот кој бил сведок на несреќата со свои очи, за медиумите потврдува дека на камионот видел и примерок од марката Bentley. Сепак, засега сигурно се знае најголема штета претрпел само Ferrari SF90 Stradale, додека за другите нема потврда.

Како што стојат работите сега, оваа несреќа се оценува како еден од случаите со најголема материјална штета во историјата на транспортот на моторни возила.