Јапонскиот гигант Toyota и француската PSA група ќе го прекинат заедничкото производство на своите мали градски автомобили до 2021 година

Двата автомобилски гиганти во партнерство се од 2002 година, од кога заеднички ги произведуваат моделите Aygo, 108 и C1, а кои делат се освен ситни дизајнерски детали.

Сите три модели моментално се во втората генерација, а неодамна беа редизајнирани со технички и технолошки решенија, пред се поради новиот WLTP стандард.

Францускиот дневен весник Ehos пренесува дека Toyota ќе ги купи акциите на PSA во заедничкото вложување, кое вклучува фабрика во чешкиот град Колин, кој целосно ќе прејде во рацете на јапонската компанија.

Toyota и PSA нема во целост да ја прекинат соработката, туку заедно ќе произведуваат лесни комерцијални возила во Франција и Шпанија. PSA ќе продолжи да склопува возила за Toyota во северна Франција и во Виго.