Во неделата која полека изминува топ тема во автомобилската индустрија беше веста за обвиненијата против Карлос Гон, кој, меѓу другото, се терети дека прикажувал драстично помала заработувачка од реалната. Првобитното обвинение беше за период од 5 години, но последна вест е дека истото е проширено за период од 8 години.

Севкупно, Карлос Гон е обвинет дека „ги сокрил“ своите приходи во тој период, во вкупен износ од околу 43 милиони долари, и тоа само во Nissan. Нема сомневање дека истрагата ќе се прошири и на другите компании со кои управува. Во исто време, претпоставка е дека и другите компании ќе поведат интерни контроли, па можни се и нови скандали

Да видиме колку се заработките на првите луѓе на автомобилските компании за минатата година, барем прикажаните. Можеби меѓу нив се крие уште некој „Карлос Гон“.

Мери Бари – General Motors (21,96 милиони долари)

Карлос Гон – (Renault, Nissan, Mitsubishi) 16,90 милиони долари (8,4 + 6,5 + 2 милиони, соодветно)

Џим Хакет – Ford (16,7 милиони долари)

Бил Форд – Ford (15,6 милиони долари)

Дитер Цече – Daimler (9,8 милиони долари)

Харалд Кригер – BMW (9,5 милиони долари)

Ден Аман – General Motors (9,3 милиони долари)

Илон Маск – Tesla (потенцијална исплата од 2,6 милијарди долари)

Чунг Монг-Ко – Hyundai (4 милиони долари)

Кога ќе се согледаат бројките, приказните за загуби и мала заработка во автомобилската индустрија изгледаат доста лицемерни.