![Toyota и понатаму е највредниот автомобилски бренд](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2019/10/toyota-logo-car.jpg)
Toyota и понатаму е највредниот автомобилски бренд
Британската консултантска агенција Interbrand објави список на 100 највредни брендови во светот, а во листата влегуваат и 15 автомобилски марки
Првото место помеѓу автомобилските брендови цврсто го држи Toyota, додека на второто место е Mercedes. Toyota вкупно гледано е на седмото место со проценета вредност од 56.246 милијарди долари, што е за 5% повеќе од минатата година. На осмото место, меѓу стоте највредни е Mercedes со вредност од 50,823 милијарди долари (+ 5%).
Третото место помеѓу автомобилските марки, а единаесетто во целост, е за BMW со вредност од 41.440 милијарди долари (+ 1%). Четвртата позиција е резервирана за Honda (24.422 милијарди, + 3%), додека во генералниот пласман, јапонската марка е рангирана на 21. место. На петтото место помежу автомобилските брендови е американскиот Ford со вредност од 14,325 милијарди, + 2%, додека во вкупната конкуренција е на 35. позиција.
Вреди да се напомене дека најголем раст има Ferrari (+12%) или во вредност од 6,458 милијарди долари. Најголем пад има Kia со 7%, а нејзината вредност е проценета на 6,428 милијарди долари.
Вкупно гледано, на првото место помеѓу највредните е Apple (234.241 милијарди), пред Google со 161,713 милијарди, додека на третото е гигантот Amazon, вреден 125.263 милијарди долари.