Со оваа Одлука е извршено намалување на малопродажните цени на нафтените деривати
во просек за 1,16%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени
согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република
Северна Македонија од 14.10.2019 година

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 е намалена за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 е намалена за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 14.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС е намалена за 0,740 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 32,954 ден/кг.