SUV моделот на Toyota е уште еден во низата модели кој во Европа нема да доаѓаат со дизел агрегат

Јапонскиот производител уште во октомври 2017 година дека постепено ќе го запре производството на дизел мотори за европскиот пазар. Toyota сега делумно го исполнува ветувањето дадено минатата година со укинување на SUV моделот RAV4 со 4-цилиндерски 2.0-турбо дизел мотор.

Ова значи дека потенцијалните купувачи во Европа во иднина нема да можат да нарачаат RAV4 со дизел мотор, но сепак уште извесен период ќе можат да купат од оние возила кои се останати на залиха. Станува збор на 4-та генерација на Toyota RAV4 која е во заминување, додека за новиот модел претставен во март и кој ќе доаѓа во Европа од почетокот на 2019 година, не е планиран за дизел верзија, туку само за бензинска и хибридна опција.

Пред објавата за „гасење“ на дизел верзијата на моделот RAV4, од Toyota изјавија дека на крајот од 2017 година ќе запре производството и на Auris со дизел единица.

По последната одлука, Toyota во Европа ќе има дизел опции за моделите Verso, Proace, Hilux и Land Cruiser.

Според податоците на JATO Dynamics и Automotive Industry Data, побарувачката за дизел мотори во Европа опаѓа, така што пазарниот удел на овој тип возила во 2017 година изнесувал 43,7%, додека во 2011 година тој изнесувал 55,5%. Таа година дизел моторите достигнаа рекорден процент во вкупната продажба на нови автомобили на европскиот пазар.