Австриецот тврди дека останува на чело на Mercedes

Аston Martin и Лоренс Строхл официјално потврдија дека британската компанија влегува во Formula 1 следната година преку Racing Point. Ова и не е некоја новост, бидејќи плановите за идниот сојуз беа презентирани уште кога стана јасно дека канадскиот бизнисмен и неговиот конзорциум купуваат удел во компанијата која се наоѓа во сериозна финансиска криза.

Во оваа фаза, сепак, не е јасно какви трансформации претстојат во Силверстон, каде што се наоѓа базата на Racing Point. Од неодамна, сепак, интензивно се говори дека шефот на Mercedes, Тото Волф, ќе го предводи тимот. Иднината на Германците во Formula 1 не е загарантирана, додека Строл има големи амбиции so Аston Martin. Во исто време, тој и Волф се добри пријатели. Во овој момент, сепак, 48-годишниот Австриец не се согласува со шпекулациите и вели дека останува во Mercedes.

„Гласините дека ќе го водам Аston Martin се неосновани“, изјави Волф за австрискиот ORF. „Работата со Daimler останува приоритет за мене. Конзорциум на инвеститори, предводен од Лоренс Строл, се стекна со удел во Аston Martin, откако компанијата имаше финансиски проблеми. Но, прашањето дали ќе преземам каква било улога во Аston Martin не е воопшто на агенда. Веќе осум години сум дел од тимот на Mercedes. Ми се допаѓа да работам со овие луѓе. Во исто време, разговарам за иднината со Ола Калениус (претседател на Управниот одбор на Daimler AG) и за тоа како можеме да продолжиме да работиме заедно.

Mercedes нема загубено титула откако во Formula 1 ги замени 2.4-литарските V8 атмосферски мотори со сегашните 1.6-литарски V6 хибридни погони. Германците според предсезонските тестови најверојатно ќе доминираат и оваа сезона, па реално и нема објективна причина Волф да го напушти шампионатот по неговиот крај.

Поради COVID-19, правилата за 2021 година ќе останат исти и развојот на болидите ќе биде замрзнат, така што иднината на Mercedes во Formula 1 изгледа загарантирана барем до крајот на следната сезона. Според тоа, Тото Волф веројатно нема да ризикува со Аston Martin, под услов неговата позиција во сегашниот тим да биде безбедна.