Blade Battery издржува смачкување, виткање, удирање и загревање

Кинескиот производител на автомобили BYD претстави нова батерија за електрични возила која има за цел „ревидирање на стандардите за безбедност на целата индустрија“. Според компанијата, благодарение на оптимизираниот дизајн, Blade Battery, чиј развој траел неколку години, нуди 50% зголемување на употребливиот простор во споредба со современите батерии.

Најважниот момент е тврдењето на BYD дека новата батерија е многу потрајна од која било аналогна на неа, помагајќи да се намалат стравовите на купувачите за ризикот од пожар или експлозија на батеријата во електричните автомобили.

При гребење, истата не дими односно не се запалува и нејзината температура не надминува 60 степени по Целзиус. За споредба, тројната литиумска батерија под исти околност „гори“ и се загрева до 500 степени, а по типичната литиум-јонска батерија достигнува температура од 200-400 Целзиусови степени.

Од BYD исто така тврдат дека Blade Battery е многу помалку подложна на запалување. Ова е докажано и со други тестови, кои вклучуваат набивање и виткање, загревање во рерна до 300 степени по Целзиус и полнење на 260%. Ниту еден од овие тестови не предизвикал истекување или пожар.