Најчесто границата е фиксирана на 250 km/h

Во осумдесеттите години на минатиот век, производителите почнаа да произведуваат се поќни погонски агрегати кои дозволуваа поголеми максимални брзини. Но потоа решија да застанат на 250 km/h. Дали знаете што се крие зад ова ограничување?

Идејата за ограничување на брзината доаѓа од производители како Audi, BMW и Mercedes. Законско ограничување за ова нема. Исклучок се спортските автомобили на Porsche, Ferrari, Lamborghini и некои други брендови. Некои тјунинг компании своите креации ги рекламираат без ограничувачи. Но, во принцип, многу производители се придржуваат кон самоограничувањето што мора да придонесе за безбедност на патиштата.

Бидејќи кај модерните автомобили ова ограничување е електронско,, релативно е лесно истото и да се отстрани. Ако имате доволно финансии за да поседувате доволно моќен автомобил, можете да го сторите тоа за време на купувањето или да ја контактирате компанијата за подесување, бидејќи при технички преглед или полициска проверка на пат, вакво ограничување и не се бара.

Сепак, мора знаете дека отстранувањето на електронското ограничување е скапо. Во зависност од моделот, тоа се движи од 800 до 1800 евра, и е значително поскапо за некои производители. Во други случаи, самите производители нудат, заедно со отстранувањето на ограничувачот, поминување на безбеден курс за возење.

Технички, ограничувањето може да се отстрани со код вграден во компјутерот. Во пракса, ова може да се направи и независно се додека ги имате потребните знаења. За ова е потребен софтвер што обично е достапен само во официјалните сервиси.

Германија продолжува да биде единствената земја во светот каде што нема ограничување на брзината на делници од автопатиштата и може да се развијат брзини над 250 km/h. Сепак, тоа не значи дека не треба да размислувате за безбедноста – лична и на другите. Покрај загубата на живот, несреќата може да резултира и со загуба на осигурувањето. Речиси сите осигурителни компании го ограничуваат плаќањето на обештетување во случај на докажано возење со брзина поголема од максимално дозволената.