Top Gear листа на најмоќни автомобили во 2018 година
Автомобилското телевисиско шоу Top Gear на британскиот BBC ги избра најбрзите и најмоќните автомобили во 2018 година
Број 1 на листата на Top Gearдоаѓа од нашето блиско соседство. Станува збор за моделот Rimac C_Two, вториот автомобил на Хрватот Матео Римац, чии четири електрични мотори развиваат 1.887 КС.
Електричниот C_Two до 100 km/h стигнува за 1,97 секунди, до 160 km/h за 4,3 секунди, а една четвртина милја или 402 метри минува за 9,1 секунди. Римац тврди дека неговиот втор автомобил од 0-300 km/h стигнува за импресивни 11,8 секунди.
Зад хрватската гордост се Bugatti Divo со 1.479 КС, Zenvo TSR-S со 1.177 КС и McLaren Speedtail со 1.036 КС (автомобили со +1,000 коњски сили).
Ferrari Monza е на петтото место (789 КС), а потоа од шестото до десеттото место следат Lamborghini Aventador SVJ со 759 КС, Chervolet Corvette ZR1 со 755 КС, Aston Martin DBS Superleggera со 725 КС, Nissan GT-R 50 Italdesign со 712 КС и Porsche 919 evo.
Листата ја заклучуваат Ferrari 488 Pista, BMW M5 Competition, Dodge Challenger Hellcar Redeye, Mercedes-AMG GT 4dr и McLaren 600LT.