YouTube каналот, DragTimes, соочува директно два суперавтомобили во трка што ретко се гледа

Од една страна е Ford GТ со 3.5-литарски V6 кој развива 647 КС во спрега со 7-степен менувач со двојна спојка и погон на задните тркала.

Од другата страна е Lamborghini Aventador со 6.5-литарски V12 кој развива 700 КС кај кој моќноста се пренесува преку 7-степен автоматски менувач на сите четири тркала.

Aventador има поголема моќ, но GT е полесен за речиси 140 килограми. Што мислите, кој е побрз?