Bugatti, исто така, има италијански период

Да речеме дека Италија е дом на многу супер автомобили, кои се меѓу симболите и иконите на автомобилската индустрија, веројатно е клише. Но, често се случува да не можеме да посочиме модели вон гамата на Ferrari, Lamborghini и Maserati. Токму затоа, треба да се погледне и малку назад во историјата, и веднаш ќе се види дека токму од Италија доаѓаат некои егзотични марки, а меѓу нив има и такви кои веројатно никогаш не сте ги поврзале со оваа земја.

Pagani Huayra

Huayra е вториот сериски модел на Pagani, кој се појавува по легендата Yonda. Погонскиот V12 агрегат со две турбини доаѓа од AMG, а автомобилот го одликуват импресивно количество на рачно изработени детали.

Bugatti EB110

Bugatti е еден од симболите на Франција. Но, EB110 е интересен исклучок. Овој модел се појавува при обидот за заживување на брендот, финансиран од Романо Артиоли, а тој како и дизајнерот на моделот, Марчело Гандини, се Италијанци. Производството е базирано во Модена, а тимот кој работи таму е италијански. Bugatti е француски бренд, но EB110 е чистокрвен „италијанец“.

Ferrari F12 TdF

Моделите на Ferrari со предно поставен мотор се обично класични гран турери, но не и F12 TdF. Во пракса, станува збор за посурова верзија на F12berlinetta, која е подготвена за авантура на патека. Придвижувањето е доверено на атмосферски V12 мотор со 770 КС.

Pininfarina Battista

Електричниот суперавтомобил Pininfarina Battista штотуку дебитираше во Женева оваа година, а веќе има сериозни способности и амбиции – 1.900 коњски сили и забрзување до 100 km/h за помалку од 2 секунди.

Lamborghini Diablo

Создавањето на наследник на Countach било тешка задача, но Diablo се покажал како успешна одлука.

Ferrari LaFerrari

LaFerrari е хибрид кој баш и не им се допаѓа на сите фанови на брендот. Како и да е, под капакот се наоѓа бензински V12 мотор, а погонскиот систем праќа над 1.000 коњски сили на задната оска.

Pagani Zonda

Zonda засекогаш ќе го задржи своето место во срцата на вистинските обожаватели на италијански суперавтомобили. Со каросерија од фиброкарбон, импресивен дизајн на внатрешноста и AMG V12 мотор звучи застрашувачки.

Lambroghini Miura

За многумина Miura е првиот вистински суперавтомобил и лесно е да се разбере зошто е тоа така. A и V12 пред задната осовина секогаш е добро решение.

Ferrari 288 GTO

Првичната идеја за создавање на 288 GTO била да биде рели автомобил за Група Б во текот на 1980-тите. Сепак, ФИА ја испраќа групата Б во историјата кон крајот на 1986 година, а Ferrari се решава спортистот да го претвори во сериски модел.

De Tomaso Pantera

Pantera изгледа како италијански суперавтомобил, но има многу повеќе егзотични корени. Алехандро де Томасо е аргентинец, но целиот свој живот го поминал како дизајнер и бизнисмен во Италија. За Pantera, сепак, се користи Ford V8 мотор со моќност од 266 КС.

Ferrari 458 Speciale

Моделот 458 Speciale е побавен од 488 GTB, но тоа не го прави овој автомобил понепривлечен.

Lamborghini Huracan Performante

Верзијата Performante е автор на третото најдобро време по круг на Северниот лак на Нирбургринг. Агресивна аеродинамика и V10 мотор со 631 КС.

Ferrari F50

Отвореното купе, механичкиот менувач и фантастичниот V12 мотор го зацврстија местото на F50 во збирките на богатите љубители на суперавтомобили. И ден денес, F50 е меѓу најбараните модели на брендот.

Lamborghini Countach

Како Miura, така и Countach ужива статус на еден од пионерите во сегментот суперавтомобили. Заострените форми и врати кои се овораат вертикално, V12 моторот и неверојатната динамика, ќе ви предизвикува задовоство на лицето уште долго откако овој автомобил ќе пројде покрај Вас.

Ferrari F40

Неколкуте среќни луѓе кои биле во можност да ги споредат можностите на различни модели на Ferrari од различни генерации тврдат дека F40 е најдоброто нешто од компанијата од Маранело. Икона на 80-тите години во однос на дизајнот плус V8 мотор со две турбини и 478 коњски сили.

Maserati MC12

MC12 има многу заеднички нешта со Ferrari Enzo, но неговиот извонреден и смел дизајн, како и поскромната производствена серија, го направиле овој модел повреден и поексклузивен од „донаторот“.

Ferrari Enzo

Секако, моделот, именуван по основачот на Ferrari, не може да се прескокне. V12 мотор, кој се наоѓа пред задната оска плус првиот модел каде менувањето на брзините е во стилот на F1 болидите се причина за многу повеќе радости за човекот зад воланот.

Ferrari Testarossa

Моделот e симбол на Ferrari во 1980-тите поради своите облици, огромните отвори за воздух и подигнатите фарови. Погонот секако е V12.

Lamborghini Aventador SVJ

Овој автомобил успеа да се здобие со стату на легенда за само една година. Aventador SVJ постави нов рекорд на Северниот лак на Нирбургринг, одземајќи му го така тронот на Porsche 911 GT2 RS, па неговото место во овој избор е повеќе од заслужено.