WardsAuto ја објави листата на 10-те најдобри мотори за 2019 година

Процесот на оценување вклучува 34 кандидати, од традиционални SUS мотори до чисто електрични системи. Овие погонски едници тимот ги тестирал во октомври и ноември, а иако некои од нив се достапни за повеќе модели, уредниците издвоиле 10 возила.

Ова се победниците.

BMW X5 – 3.0-литарски турбо реден со шест цилиндри

Се одликува со одлична работна култура, економичност и многу добра испорака на енергија.

Chevrolet Silverado – 6.2-литарски V8

Испробана и докажана машина на која системот за деактивација на цилиндри помага да се постигне подобра економија во одредени ситуации.

Ford Mustang – 5.0-литарски V8

Coyote V8 со пет цилиндри испорачува 460 коњски сили во GT и 480 во Bullitt верзијата.

Ford F-150 – 3.0-литарски Power Stroke Diesel

Со оглед на тоа дека Coyote V8 е сместен во Mustang, WardAuto дизелот V6 го издвојува поради импресивната економија во големиот камионет.

Honda Accord Hybrid – 2.0-литарски со четири цилиндри + електромотори

Accord во хибридната варијанта е лимузина со импресивна автономија и способност за возење на чисто електричен погон.

Hyundai Kona EV – 150 kW електричен мотор

Единствениот чисто електричен мотор на листата. Kona EV нуди доста солидни перформанси и автономија од 400 километри.

Hyundai Nexo FCV – EV со водородни горивни ќелии

Hyundai има два модели на листата. Nexo го красат голем батериски комплет и водородните горивни ќелии за скромни перформанси и автономија од 600 километри. Кога ќе снема водород, резервоарот може да се наполни за пет минути.

Infiniti QX50 – 2.0-литарски VC Turbo со четири цилиндри

Моторот кој го одликува варијабилна компресија претставува одличен баланс помеѓу добри перформанси и изненадувачки ниска потрошувачка за луксузен кросовер.

Lexus UX 250h Hybrid – 2.0-литарски со четири цилиндри + електромотори

WardsAuto очигледно сака да го фаворизира хибридниот Lexus, првенствено поради одличниот старт / стоп систем и поврзувањето на SUS и електромотор за пријатно искуство.

Ram 1500 – 3.6-литарски V6

Технички, тоа е благ хибриден систем. 3.6-литарскиот eTorque V6 во 1500 моделот испорачува многу енергија со импресивно ниска потрошувачка на енергија.