„Најжедниот“ троши 17,4 литри на 100 километри

Врз основа на резултатите од сопствени тестови, колегите од германското специјализирано издание Auto Bild, направиле класификација на „најжедните“ crossover/SUV модели. Сите автомобили морале да поминат 155 километри – 61 километар надвор од град, 40 километри во град и 54 километри на автопатот. Според експертите од Auto Bild, оваа методологија овозможува да ја пресметате вистинската потрошувачка на гориво. На почетокот и на крајот од тестот, резервоарите за гориво биле целосно наполнети. Точноста за време на мерењата е една десетина од литар. Од 2010 година германските новинари тестирале неколку десетици кросовери и теренци, и на тој начин составиле листа на најнеекономични модели.

Ова се Топ 10 crossover/SUV модели со најголема потрошувачка на гориво.

  1. Mercedes-AMG G 63 (2018 год./4.0 лит./585 КС) – 17.4 l/100 km
  2. Bentley Bentayga W12 (2016 год./6.0 год./608 КС) – 15.9 l/100 km
  3. Mercedes GLS 500 4Matic (2016 год./4.7 лит./455 КС) – 15.8 l/100 km
  4. Jeep Grand Cherokee SRT8 (2014 год./6.4 лит./468 КС) – 15.6 l/100 km
  5. BMW X5 M (2010 год./4.4 лит./555 КС) – 15.5 l/100 km
  6. Porsche Cayenne Turbo S (2015 год./4.8 лит./570 КС) – 15.5 l/100 km
  7. BMW X5 M (2015 год./4.4 лит./575 КС) – 15 l/100 km
  8. Mercedes ML 63 AMG 4Matic (2012 год./5.5 лит./525 КС) – 14.5 l/100 km
  9. Porsche Cayenne Turbo S (2018 год./4.0 лит./550 КС) – 14.5 l/100 km
  10. Porsche Cayenne Turbo S (2010 год./4.8 лит./510 КС) – 14.2 l/100 km