Во месец февруари, во Европа, кога станува збор за продажбата на нови премиум автомобили во сегментот D, резултатите се неверојатни

Новитетот на стариот континент, Tesla Model 3, успеа да ја приграби лидерската позиција за вториот месец од тековната година во својот сегмент. Иако европскиот пазар на нови автомобили бележи пад веќе шест месеци по ред, исто така индексира огромен пораст на продажбата на електрични модели

Според Jato Dynamics, претходниот месец електричните возила имале пазарен удел од само 1,9%, но растот на продажбата бил огромен, дури 92%. Во купувањето на електрични автомобили, лидер е Норвешка, по што следат Данска, Холандија и Германија.

Сепак, фокусот е на Model 3 на американскиот производител Tesla. Според Jato Dynamics, во месец февруари Европјаните купиле 3.657 примероци од овој електричен автомобил. Токму поради овие бројки, во февруари, Model 3 е најпродаван премиум автомобил во сегментот D на Стариот континент.

Марк Муњоз, главниот аналитичар во Jato, истакнува дека големиот пораст на продажбата на електрични возила е условен од доаѓањето на Model 3 во Европа. Како подсетување, овој автомобил наголемо се продава од онаа страна на Атлантикот, а дури неодамна пристигна и на оваа страна. Муњоз истакнува дека успехот на Model 3 е „невиден“ со оглед на тоа колку време е присутен на пазарот во Европа. Тој додава дека адутот на Tesla имал подобра продажба од старите асови во оваа категорија: BMW Серија 3, Mercedes C-класа и Audi A4.

Сепак, Муњоз укажува дека ѕвездениот успех на Model 3 не мора да биде траен.

„Продажбата на Model 3, исто така, ќе зависи од начинот на кој традиционалните премиум производители од Германија, како и JLR и Volvo ќе реагираат на овие податоци. Ќе видиме колку брзо ќе ги пласираат своите електрични модели во овој сегмент “, заклучува главниот аналитичар на Jato Dynamics.