Tesla ќе изработува 500.000 возила годишно во Кина

0

Американскиот производител на електрични возила потпиша договор со властите во Шангај за изградба на погон со капацитет од половина милион автомобили годишно

Фабриката, чие официјално име ќе биде Gigafactory 3, ќе биде лоцирана во Линганг, во близина на Шангајската зона за слободна трговија.

Погонот на Tesla ќе биде прв објект од ваков вид во Кина, кој ќе биде целосно во странска сопственост и веројатно најголемата странска инвестиција во производствениот сектор на Шангај.

Потпишаниот Меморандум за разбирање меѓу двете страни предвидува во рамките на новата Gigafactory 3 да се одвиваат сите активности, од од развојно-истражувачки, до производни и продажни, пишува South China Morning Post.

Изградбата на фабриката треба да започне во првите месеци од 2019 година.

На потпишувањето присуствувал и првиот човек на Tesla, Елон Маск, кој во минатото ја критикуваше политиката на кинеската влада со која се предвидуваше странските производители на автомобили ако сакаат да произведуваат возила во Кина да мора прво да формираат заедничко вложување со локалните партнери со сопственички удел од 50:50, па дури потоа да изградат фабрика.

Во меѓувреме Кина најави дека планира да го укине Законот до 2022 за компании кои произведуваат автомобили со алтернативни погонски системи, како што се електрични, што ќе и овозможи на Tesla самостојно производство на своите модели во земјата.

Објавувањето на договорот за изградба на фабрика во Кина доаѓа само неколку дена по зголемувањето на тарифите за увоз на електрични автомобили од САД во земјата, што доведе до зголемување на цените на возилата на Tesla за 20 проценти. Имено, електричните автомобили на Tesla во Кина поскапеа „преку ноќ“ за повеќе од 20.000 долари поради трговската војна меѓу САД и Кина.

Електричниот кросовер Model X сега чини 140.100 долари, додека претходната цена на овој автомобил во Кина била 117.100 долари. Луксузниот седан, Model S, сега се продава за 128.400 долари, што е 21.000 долари повеќе од минатата недела.

Кога една фабрика во Шангај се прави својата работа, цената на автомобили Tesla во Кина ќе биде значително пониска, што ќе доведе до раст на продажбата во земјата.



Loading...
Споделете.

Оставете одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Translate »