Германскиот Auto Bild шпекулира дека Volkswagen подготвува робусен SUV модел како конкурент на еден од најпопуларните теренци на сите времиња – Land Rover Defender

Познато е дека VW планира неколку нови електрични модели на новата MEB платформа почнувајќи од I.D. компактниот хеџбек следната година.

Меѓутоа, VW планира да ја користи оваа архитектура и за теренско возило од 2022 година. Наводно таканаречениот T-Rug ќе доаѓа во верзии со три или пет врати, со стандардни мотори на фосилни горива, но и со електричен погон.

Деталите не се познати, но се најавува дека верзијата со три врати би можела да биде долга околу 4,5 метри, а онаа со пет – 4,85 метри.