По премиерата на Golf од осмата генерација, ќе следи презентацијата и на новата итерација на популарната Škoda Octavia

Светот ќе може да добие увид во чешкиот новиет во третиот квартал од 2019 година. Веднаш по дебито на лифтбекот, ќе следи и презентација на караванот.

Откако ќе се организира специјален настан во текот на летото, првиот јавен приказ на новата Octavia е предвиден за саемот во Франкфурт.

Според прелиминарните информации, новата Octavia, ако воопшто добие нов габарит, нема да биде значајно променета. Сосема е извесно дека предни светлосни групи повеќе нема да бидат поделени на четири дела, како што во 2016 година, туку поради бројните реакции на фановите на брендот, ќе се врати конвенционалниот изглед.

Гамата на мотори која ќе биде понудена на европските потрошувачи ќе биде префрлена од сегашната генерација, со мали промени. Во подоцнежна фаза од животниот век, се очекува и PHEV верзија, а ќе биде зголемена и понудата за опрема.

Во продажба моделот треба да влезе во почетокот на 2020 година.