Берлинскиот суд врз основа на постапка иницирана од страна на германската еколошка организација DUH, охрабрен од претходни судски одлуки, пресуди дека локалните власти мора да преземат проактивни чекори за подобрување на квалитетот на воздухот во градот

Во согласност со одлуката на судот, локалната власт мора да воведе регулатива според која, најмногу до крајот на оваа година, треба да воведе забрана за сообраќај во дваесет градски улици во централното подрачје, вклучувајќи ги и оние најпрометните, за дизел возила кои исполнуваат пониски стандарди за емисија од оние кои се формулирани Еуро % стандардот.

Но, тоа не е сè. По септември 2019 година, на овие улици нема да биде дозволено сообраќање ниту за возилата кои ги исполнуваат Еуро 5 стандардот.

На овој начин Берлин се приклучува на листата која веќе вклучува неколку големи германски градови кои имаат воведено слични прописи. Покрај овие градови, бројни се и многу други локални самоуправи кои се во процес кој најверојатно ќе резултира со задолжителни акти за понатамошни рестрикции за сообраќај на дизел возила од постарите генерации.

Инаку, Германија е под голем притисок од другите земји за да обезбеди подобрување на квалитетот на воздухот во согласност со европската легислатива, што веќе подолго време не е случај, особено во метрополи како што се Штутгарт, Минхен, Франкфурт и други центри. Ако е за наша „утеха“, околу 40 градови во Германија, според квалитетот на воздухот, се од другата страна на европските регулативи.