Триесет и пет минути уживање за сите фанови на BMW, особено на Серија 3

Баварците веќе го тргнаа превезот од новата „тројка“ минатата недела во Париз, а производството веќе тече со полна пареа.

Снимките доаѓаат од една фабрика во Минхен, каде спортскиот седан влегува во својот животен циклус, иако ова не е единственото место каде што се произведува „тројката“, бидејќи се симнува и од производните линии во Сан Луис Потоси, Мексико. Покрај тоа, Серија 3 со продолжено меѓуоскино растојание ќе се произведува во Шенјанг, за локалниот кинески пазар.

Најважниот модел за BMW има задача да ја потврди „титулата“” на најдобат возачки автомобил во сегментот. Компанијата има големи надежи и би рекле со добра причина. Клаус Фрелих, шеф на развој на баварскиот бренд тврди дека новата „тројка’ ќе ги засени сите ривали во поглед на динамиката на возење. Тој, вели дека веќе му е „мака“ од читање на негативни тестови за претходната генерација, па дури користи за „неконвенционален“ збор: „Не сакам да ги слушам веќе тие срања“. Е сега, дали е во право или само си го фали својот производ, проценката е на Вас.

Погледнете и уживајте!