Студија: Возачите на скапи автомобили најчесто се идиоти
Возачи кои минуваат на црвено светло, не пропуштаат пешаци и генерално возат невнимателно и премногу брзо, најчесто се оние кои возат брзи германски автомобили.
Нова студија открива дека возачите на брзи автомобили поретко застануваат за да им овозможат на пешаците да ја преминат улицата. Веројатноста овие возачи да забават се намалува за 3% за секои дополнителни 1.000 американски долари вредност на нивното возило, пренесува СNN.
Истражувачите од Универзитетот Невада во Лас Вегас претпоставувале дека сопствениците на скапи автомобили „чувствуваат супериорност во однос на другите учесници во сообраќајот“ и се помалку способни да се сочувствуваат со пешаците. Тоа и го потврдиле откако стотици волонтери биле замолени да ја преминат улицата на пешачки премин, а притоа биле снимани и анализирани реакциите на возачите во автомобилите.
На истражувачите им помогнале по еден припадник и припадничка од белата и црната раса. Другиот позагрижувачки заклучок е дека возачите почесто застануваат ако има жена или бела личност на пешачкиот премин. Возилата застанале во 31% од случаите кога на пешачки премин имало жени и белци, во споредба со 24% од случаите кога станува збор за мажи и 25% од случаите кога станува збор за личности со темна боја на кожата.
Сепак, најдобриот показател дали ќе запре автомобилот е неговата вредност, според истражувачите.
„Исклучување од тој слој на општеството, послабата способност за разбирање и соживување со другите луѓе, како и доза нарцисоидност, може да доведат до недостаток на емпатија за пешаците“, се вели во студијата.
Откривањето на корелација помеѓу вредноста на автомобилот и однесувањето не е ништо ново; студија спроведена на 1892 возачи, објавена минатиот месец во списанието Transport and Health, покажала дека мажите кои поседуваат спортски брзи возила почесто се неемпатични, тврдоглави и секогаш подготвени за расправање со другите.
„Забележав дека оние кои минуваат на црвено светло, не пропуштаат пешаци и генерално возат невнимателно и премногу брзо, најчесто возат брзи германски автомобили“, вели Јан-Ерик Линквист од Универзитетот во Хелсинки. Тој сакал да открие какви луѓе купуваат скапи автомобили, создавајќи тест за личност за финските сопственици на автомобили.
„Одговорите беа недвосмислени. Мажите кои се егоцентрични, тврдоглави, тешки за разговор и неемпатични, најверојатно, имаат автомобил со висок статус како Audi, BMW или Mercedes. Овие особини ја објаснуваат желбата да поседувањe производи со висок статус, а истите особини објаснуваат и зошто таквите луѓе ги кршат сообраќајните регулативи почесто од другите “, додава Лонквист.
Неговата студија навела претходни истражувања кои сугерирале дека возачите зад воланот на скапи возила имаат поголема веројатност да ги прекршат сообраќајните прописи или невнимателно да возат. Сепак, вели дека и совесните луѓе исто така сакаат скапи модели на автомобили.
„Како по правило, таквите луѓе се угледни, амбициозни, сигурни и добро организирани“, се вели во соопштението. „Тие се грижат за себе и за своето здравје и обично се добри работници“.