Струјата „го продолжува животот” на дизел агрегатите

0

Од 2018 година, Mercedes на клиентите ќе им понуди хибридни верзии на моделите од C и E-Class, со погонски систем кој комбинира дизел и електричен мотор

Како што велат во Mercedes, сите возила ќе користат 4-цилиндерски дизел мотор, како срце на хибридниот погон и 9-степен автоматски менувач.

Дизел спецификациите не се објавени, но се знае дека електричниот мотор ќе произведува 122 КС (90 kW) и 440 Nm, а ќе се напојува од 13,5 kWh литиум-јонска батерија.

Само на електрична енергија, овие Mercedes возила ќе можат да поминат околу 50 километри пред целосно празнење на батеријата.

Максималната брзина на возилата во електричен режим ќе биде ограничена на 140 km/h.

Со воведување на хибридни дизел мотори, ќе се намалат емисиите на штетни супстанции кои се емитуваат од дизел агрегатите, пред се во градските средини, каде што овие модели често може да се возат исклучиво на електрична енергија, со нула емисии.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »