Google Lens е визуелен пребарувач или алатка која анализира се што се прикажува на камерата и, во зависност од она што е прикажано, превзема одредени активности

Google Lens е една од најинтересните и исклучително корисна опција од Google, која до сега беше резервирана само за Google Pixel телефоните, а според нови информации од компанијата, Google Lens ќе стане достапен и на сите Android телефони, како и iPhone моделите. Оваа опција, која е базирана на вештачка интелигенција, Google ја претстави минатата година и во суштина е визуелен пребарувач или алатка која анализира се што се прикажува на камерата и, во зависност од она што е прикажано, превзема одредени активности.

На пример, ако фотографирате градби и споменици, благодарение на Google Lens на екранот на телефонот ќе се прикажат дополнителни информации за нив. Ако снимате цвет, апликацијата ќе го прикаже потенцијалното име на цветот и веднаш ќе го извести корисникот каде е најблиската цвеќарница. Ако снимате куче, ќе ја препознае расата, а ако снимате визит картичка, податоците од неа (име, телефонски број, адреса, итн) автоматски ќе бидат зачувани во контактите.

Google Lens ќе може да се користи само преку апликацијата Google Photo на Android и iPhone, па затоа е потребно прво да се надгради Google Photo на најновата верзија за Android, а корисниците на мобилни уреди од Apple ќе треба уште малку да сочекаат, бидејќи оваа опција нема да биде достапна веднаш, туку наскоро.