Автомобилска гума која произведува кислород

0

Goodyear развил футуристичка автомобилска гума Oxygene со жив мов кој расте на гумата

Според тенденциите и очекувањата, до 2050 година повеќе од две третини од светската популација се очекува да живеат во градовите, па затоа и потребите за градски транспортни мрежи значително ќе се зголемат.

Goodyear со новата концептна гума Oxygene го претставува едно од можните решенија за подобрување на квалитетот на воздухот во градовите.

Иновативниот концепт на автомобилска гума е претставен на тековниот меѓународен саем на автомобили во Женева. Се одликува со уникатна структура со жив мов кој расте на страничниот ѕид на гумата.

Од друга страна, отворената структура и „паметниот“ дизајн на газечкиот слој на гумата ја апсорбираат влагата и водата од површината на патот за потребите на растот на мовта, кој потоа преку фотосинтеза во воздухот ослободува кислород.

„Попаметната“ и поеколошка инфраструктура и „попаметниот“ транспорт ќе бидат многу важни во решавањето на предизвиците кои ги носта мобилноста и развојот на градовите.

Според мислењето на Светската здравствена организација (СЗО), повеќе од 80 отсто од луѓето кои живеат во урбани средини каде што се мери загадувањето на воздухот, се изложени на загадување што ја надминува границата поставена од страна на СЗО.

Затоа, концептот гума Oxygene нуди поефикасни решенија за подобра иднина.

Чистење на воздухот што го дишеме

Со уникатниот газечки слој Oxygene ја апсорбира влагата од патот, го користи јаглерод диоксидот (CO2) од воздухот, со што се „храни“ мовта во страничниот ѕид. Мовта потоа го ослободува кислородот преку процес на фотосинтеза.

Во град голем како Париз, со околу 2,5 милиони возила оваа година, тоа би значело речиси 3.000 тони кислород годишно и повеќе од 4.000 тони апсорбиран јаглерод диоксид.

Рециклирање на истрошените гуми

Конструкцијата на Oxygene е печатена со 3D печатач и гумен прав од рециклирани гуми. Лесната структура која ги ублажува ударите претставува цврсто решение, без ризик од пробој.

Гумата има подолг работен век и бара минимално сервисирање

Дополнителна безбедност обезбедува отворената структура на гумата што придонесува за апсорпција на водата од газечкиот слој, а со тоа се подобрува „лепењето“ за влажна подлога.

Создавање на сопствена електрична енергија

Oxygene ја складира произведената електрична енергија во текот на фотосинтезата и со неа ја напојува вградената електроника, вклучувајќи автомобилски сензори, процесори, вештачка интелигенција и флексибилни светлински ленти на страните на гумата кои со преклопување на бои ги предупредува учесниците во сообраќајот и пешаците на одреден маневар како што се на пример менување на лентата на движење или сопирање.

Комуникација со брзина на светлината

На мобилна конекција со брзина на светлината, со високи перформанси, Oxygene користи систем на комуникација со помош на светлината (или Lifi).

Liffy обезбедува пневматско поврзување на интернет на нештата (Internet of Things) и овозможува размена на податоци помеѓу возилата (возило до возило – V2V) и помеѓу возилата и инфраструктурата (vehicle-to-infrastructure – V2I), што за управување на системите за паметна мобилност е од клучна важност.

Според се, гумата би требало да може да придонесе за почист воздух, подобар квалитет на живот и подобро здравје на градските жители.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »