Двата бренда од групацијата VW, односно Audi и/или Porsche, ќе се приклучат на Formula 1 по одлуката дека тој потег на крајот ќе донесе повеќе пари отколку што ќе чини самиот проект, изјави во понеделникот извршниот директор на VW Group Херберт Дис

Сепак, дискусиите во рамките на бордот на директори на групацијата за плановите на двете марки создале и одредени поделби во организацијата, признал Дис на состанокот во Волфсбург, каде што е и седиштето на германскиот производител на автомобили.

„Едноставно немавме веќе аргументи“, вели Дис за наговарањето од страна на претставниците на двете споменати марки за исплатливоста на проектот.

Веќе неколку месеци се шпекулира дека двете марки преговараат за партнерство за влез во светот на врвниот мотоспорт, во кој во поголемиот дел од изминатата деценија доминира главниот германски ривал на Volkswagen, Mercedes.

Според Дис, подготовките на Porsche за влез во во поголемиот дел од изминатата деценија 1 биле малку поконкретни од оние на Audi.

Audi е подготвен да понуди околу 500 милиони евра за британскиот производител на луксузни спортски автомобили McLaren (Audi преговара и со Aston Martin, Sauber, a и Williams e сеуште во игра), додека Porsche има намера да воспостави долгорочна соработка со Red Bull (наводно преземање на 50% од акциите), почнувајќи за неколку години.

Освен економскиот аргумент, очигледно големо влијание за одлуката имало и маркетиншкото влијание на Formula 1. Дис рече дека како резултат на тоа, Porsche ќе ги намали другите тркачки активности и повеќе ќе се концентрира на Formula 1.

Одлуката доаѓа во моменти кога Volkswagen се подготвува за можна финансиска реорганизација на Porsche AG, иако изворите велат дека влезот во Formula 1 веројатно ќе се случи дури за неколку години.

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

aniwatch app That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2

anime website AniWatch Seirei Gensouki: Spirit Chronicles

anime stream Attack on Titan Final Season (Dub)

AniWatch Bleach (Dub)

watch subbed anime Attack on Titan Season 3