Францускиот „лав“ реши целосно да се повлече од тенисот. Прво го раскинаа договорот со Новак Ѓоковиќ, а потоа се откажаа од спонзорствоto на познатиот турнир на земјена подлога во Париз

Токму Renault ја искористи можноста да стане еден од „премиум партнерите“ на Roland Garros. Според соопштението, овој француски автомобилски бренд ќе го искористи претстојниот турнир за промоција на своите електрични возила.

Така Renault ќе позајми сто примероци од електричниот Megane кои ќе служат како возила за превоз на тенисери, тренери, официјални претставници на турнирот и други ВИП личности. Севкупно, Renault ќе стави на располагање вкупно 160 возила за потребите на овогодинешниот Roland Garros.

Но, тоа не е се, бидејќи францускиот бренд осмислил хуманитарна кампања која ќе се спроведе за време на турнирот. Renault сака да ги обнови тениските терени во француските населби, а секој пат кога тениското топче ќе ја погоди мрежата за време на сервисот на играчите, овој производител ќе издвојува дел од парите за споменатото реновирање на терените ширум земјата.

Овогодинешното издание на Roland Garros започнува на 22 мај и ќе трае до 5 јуни. Бранителот на титулата е Новак Ѓоковиќ.