Осигурителните компании дефинитивно нема да бидат среќни поради дивеењето на еден возач во Лондон

Населбата Челзи во Лондон е една од најпрестижните во англиската престолнина. Просечната цена на куќа е 4,5 милиони евра, а тоа значи дека пред нив се паркираат и луксузни автомобили.

Возејќи со голема брзина, еден млад човек изгубил контрола над својот Audi Q7 и удрил во неколку скапи автомобили паркирани на улицата Мур во споменатата елитна населба.

Меѓу удрените автомобили се Porsche Cayenne, McLaren 12C кој чини околу 100.000 евра, а најскапиот од нив – Bentley Bentayga, со цена од 150.000 евра.

Според англиските медиуми, вкупната штета е проценета на повеќе од 500.000 евра, а некои од нив велат дека изнесува дури и милион евра.

Возачот и совозачот, за среќа се живи, за здрави неможеме да потврдиме (и двајцата се хоспитализирани). Во целата несреќа среќна околност е тоа што се се случило во касните вечерни часови, кога нема пешаци, со што е избегната и поголема трагедија.

Возачот откако се опоравил од почетниот шок, изјавил дека бркал Porsche кое претходно удрило во вего се удри во него.

Loading...