За разлика од некои други, британските сили на редот се многу поскромни во изборот

Американската полиција редовно одбира „ѕверови“ со агресивен изглед, во Дубаи не ни прашуваат за цената и возат егзотики, а во Италија ги сакаат „набилданите“ Alfa модели, повремени и по некое Lamborghini. За да се вклопи британската полиција во оваа слика, би морала да вози нешто од McLaren или барем Mustang, но тие одбрале нешто друго.

Полицијата на островот го избрала новитетот на Škoda. Scala, како што велат, целосно ќе ги задоволи полициските потреби.

Удобна и доволно практична, а Чесите ја опремиле со опрема типична за полициските должности. Багажен простор од 467 литри багаж кое лесно би „проголтало“ и лице лишено од слобода, а камо ли полициска опрема. Се разбира, тука е и соодветната надворешност. 

Кога станува збор за моторизацијата, засега не се оди подалеку од 1.5 TSI и 150 КС. 

Во полицијата сеуште најбројни се моделите на Vauxhall, Astra и Insignia. Меѓу оние кои не се обележани, има i поскапи модели како Audi, BMW, Subaru и Superb.