Škoda станува „Made in Germany“
Поради големиот интерес на купувачите, Škoda го проширува производството на компактниот SUV модел Karoq и надвор од чешките граници
Првиот примерок од Škoda Karoq потекнува од фабриката Квасини во Чешка во јули 2017 година, за да производителот наскоро сфати дека само една фабрика не може да одговори на зголемената побарувачка за овој модел, па затоа почна својот нов SUV да го произведува и во главната фабрика на компанијата, во Млада Болеслав.
Како што стојат работите, ниту овој потег на раководството на Škoda нема да биде доволен за чешкиот производител да одговори на зголемената побарувачка. Затоа е одлучено Karoq да започне да се произведува и надвор од границите на Чешка, во фабриката на Volkswagen во Оснабрик.
Производството на моделот Karoq во овој град во северозападниот дел од Германија ќе започне до крајот на 2018 година и ќе продолжи барем во 2019 година.
Групацијата Volkswagen, во чија сопственост е брендот Škoda, во Оснабрик веќе го произведува VW Tiguan, а од 2020 година ќе започне производството и на компактниот кросовер VW T-Roc во кабрио верзија.
Покрај тоа, во овој германски погон, се произведува и Porsche Cayman, а се бојадисуваат и каросерии за Škoda Fabia.
Од трите производни линии во фабриката во Оснабрик, на кои се вработени околу 2.300 работници, во 2017 година, се симнати 76.000 возила.