Електрификацијата во автомобилската индустрија полека но сигурно станува пандемична. Сепак, еден аспект од електрификацијата барем досега беше далеку од очите на јавноста

Еден од помалите предизвици во процесот на електрифицирање на производните гами, се однесува на системите за сопирање кои ќе се користат во новите генерации на електрични и хибридни возила.

Извршниот директор на Brembo, Џовани Канавото, како и неговиот колега од компанијата, одговорен за регионот на Северна Америка, Данијел Сендберг, ги коментираа можните решенија за системите за сопирање во електрифицираните возила на иднината.

Прашани дали наскоро ќе бидеме во можност да видиме електрифицирани системи за сопирање, Канавото открива дека основната технологија во моментов е во процес на развој и наскоро ќе биде можна нејзина комерцијализација.

„Електрификацијата на системите за сопирање ќе стане силен тренд во следната деценија“, вели тој. „Сопирањето по пат на жица (Brake-by-Wire) на нас како производител на компоненти и производителите на автомобили ни обезбедува флексибилност во процесот на фино подесување. Ги користевме во Formula 1, пред неколку години. Идните автомобили ќе можат да се подесуваат така што возачот ќе добие различен одговор од педалата на сопирачката. Taa ќе може да биде помека или потешка, подолга или пократка, и слично. Нешто налик на различни режими на возење“.

Но има и друга причина зошто електричните сопирачки ќе бидат важен дел од иднината. Производителите сакаат да ги електрифицираат не само погонските системи, туку и секој поединечем систем, како составен дел.

„Повеќето производители изразија аспирации да го електрифицираат целото возило, дури и независно од моторот. Сопирањето по пат на жица (Brake-by-Wire) не зависи од електричниот мотор, дури не е потребен ниту мек хибриден систем (48V)“, потврдува Канавато.

Кога всушност ќе можеме да видиме сериски автомобили со електрични сопирачки? Тоа ќе биде бавен процес. Како и да е, бројот на денови на хидрауличните системи за сопирање се одбројани.