Шефот на концернот планира да поднесе оставка од Надзорните одбори на двете компании

На брендовите Škoda и Seat им се заканува губење на влијанието во VW Group, откако извршниот директор на концернот Херберт Дис планира да поднесе оставка од Надзорните одбори на двете компании, пренесува германското издание Handelsblatt.

Дис има намера да се фокусира на градење на посилен тим за развој на софтвер, што се покажа како голем проблем со првите електрични автомобили во семејството на Volkswagen. Во Seat, заменa ќе биде сегашниот технички директор на компанијата Томас Шмал, а во Škoda Мурат Аксел, кој сега е одговорен за надворешни испораки во Volkswagen.

Извори од Handelsblatt додаваат дека Дис е загрижен што Volkswagen ја губи својата позиција во развојот на софтвер за електрични возила и дека компанијата веќе далеку заостанува далеку зад водечките американски и кинески производители.

Сепак, неговото повлекување од директното управување со Škoda и Seat ќе има негативно влијание врз обете компании, според некои од врвните менаџери во концернот. Тие се загрижени дека во следните години двете марки ќе мора да ја променат својата гама на модели за да ја ускладат со онаа на главната марка – Volkswagen. Со тоа треба да се избегне преклопување на модели, од кои во моментов имаат корист Škoda и Seat, бидејќи нивните автомобили се поевтини од оние на Volkswagen и се продаваат подобро на многу пазари.