Минатиот месец, регистрациите на нови автомобили во Европа се зголемиле за 63% во споредба со март 2020 година, но сепак се далеку од нивото пред пандемијата

 

Според податоците на Jato Dynamics за 26 пазари, обемот на регистрации се зголемил од 842.094 на 1.374.313 единици или вкупно 3.045.703 за првиот квартал од 2021 година (+1%). И покрај ова зголемување, првиот квартал од 2021 година го бележи најмалиот вкупен обем на регистрации на нови автомобили од 1986 година, со исклучок на 2020 година.

И покрај знаците на закрепнување, индустријата сè уште се соочува со неколку предизвици, вклучително и економскиот пад поради пандемијата, рестрикциите и недостатокот на доверба од потрошувачите. Регистрациите на нови автомобили во март 2021 имаат пад од 22% во споредба со март 2019 година – што претставува најмал вкупен обем на регистрации на нови автомобили од март 2013 година, кога обемот изнесувал само 1.337.588 единици како резултат на глобалната финансиска криза. 

Електричните автомобили и SUV моделите продолжуваат да бидат главните двигатели на растот на пазарот. Електричните автомобили во март имаат  рекорден пазарен удел од 16%, во споредба со 9,7% во март 2020 година и само 3,4% во март 2019 година. 

Пазарниот удел на SUV и кросовер миделите продолжува да расте од година во година, од 37% во март 2019 година, на 40% во март 2020 година и 45% во март 2021 година.

Во март 2021 година, дизел автомобилите го бележар најниското пазљарно учество досега со само 24%. Бидејќи Европската комисија продолжува да воведува построги регулативи за СО2, пренасочувањето од дизел и други видови на горива со високи емисии веројатно ќе продолжи.

Во европското рангирање на моделите, Volkswagen Golf е повторно на позицијата на која сме навикнати да биде. Volkswagen Golf во март стигнал до  26.265 клиенти, што е пораст за 12%. Електрифицираните верзии (PHEV и MHEV) на Volkswagen Golf имаат голем придонес за овој раст, особено во Германија, каде сочинуваат 36% од вкупната продажба на моделот. Според бројот на продадени единици во март, Golf е пред Peugeot 208 за 836 примероци, кој сепак е најпродаван во првиот квартал од 2021 година, со скоро 61.000 примероци вкупно. 

Tesla Model 3 кој е четврти на рангирањето кај моделите за минатиот месец, ја потврдува својата позиција како најпродаван чисто електричен модел на европската ранг-листа и во март и во првиот квартал. Tesla Model 3, кога станува збор за електрични модели, е на врвот во Велика Британија, Франција, Норвешка, Италија, Австрија, Шведска, Швајцарија, Холандија, Данска, Португалија, Полска, Грција, Словенија, Хрватска и Германија, пред ID.3 на Volkswagen. Друг неевропски модел со одлични резултати е Hyundai Kona која е втор најпродаван електричен модел во Европа за месец март.