Нема потреба од полнење на батеријата на специјални станици за полнење кога електричните возила може се полна за време на возењето

Швеѓаните го направија првиот чекор напред кон иднината во која сопствениците на електрични возила повеќе нема да мора да ги полнат своите батерии на специјализирани станици за полнење, туку истите ќе се полнат при возење.

На дел од пат надвор од Стокхолм, Швеѓаните поставиле шини кои овозможуваат полнење на батеријата на електричните возила за време на возење – иако станува збор само за околу два километри пат, од Министерството за патен транспорт веќе имаат план за национална експанзија на овие патишта на иднината и во други делови на Шведска.

Освен тоа што со овој вид на полнење, сопствениците на електрични возила веќе нема да треба да размислуваат за количината на преостаната енергија и станица за полнење, патиштата како овој, би можеле да влијаат и на цената на самите автомобили.

Имено, со појавата на патишта на кои е можно да ја полните батеријата, производителите на автомобили ќе бидат во можност да поставуваат батерии со помал капацитет, а бидејќи батеријата е најскапата компонента на електричните автомобили, помала батерија би значело и помала цена на автомобилот, сметаат од The Guardian.

Шефот на конзорциумот eRoadArland кој е задолжен за проектот, вели дека во Шведска е доволно да се постават шини на 20.000 километри од автопатиштата, бидејќи растојанието помеѓу автопатиштата не е повеќе од 45 км, така што електричните автомобили може без да се запрат запрат за полнење да патуваат по нив.

Динамичното полнење на батеријата или трансфер на енергија од шини на автомобил претставува полнење на батеријата преку „помошна рака“, која треба да биде инсталирана на долниот дел од автомобилот, која се поврзува со шината и овозможува полнење на батеријата за време на возењето. Ако колата застане, запира и полнењето.

Системот за полнење ја следи потрошувачката на енергија за време на возењето, така што на возачот може подоцна да му биде издадена сметка.

На површината на патот, односно шините, нема струја. Шините се како ѕиден штекер во кој треба да се вклучи уред (во овој случај т.н. помошна рака на возилото), а полнењето се одвива 5-6 см под површината, така што и кога патот е влажен, нема страв од електричен удар.

Шведска се надева дека до 2030 година ќе постигне целосна независност од фосилните горива, што значи дека по оваа година во оваа земја веќе нема да се продаваат (а можеби и да се возат) бензински и дизел автомобили.