Ралф Шумахер верува дека потенцијалниот состав на Alfa Romeo следната година може да се состои од неговиот внук Мик Шумахер и повратникот во Formula 1, Нико Хулкенберг

Главниот збор, секако го има Ferrari, кој е снабдувач со мотори за Alfa Romeo, а тие имаат желба да поттурнат уште еден свој возач во Formula 1.

Кандидати се Мик Шумахер, Британецот Калум Илот и Русинот Роберт Шварцман. Тројцата во моментов се рангирани во самиот врв од GP2 шампионатот, каде Шварцман води пред Илот, а Шумахер е четврти. Сепак, Шумахер е опцијата што дефинитивно ќе привлече најголемо внимание.

„Секој знае колку се блиски Ferrari и Alfa Romeo и би било логично некој од новодојдените да биде испратен во Alfa Romeo. Исто така, мислам дека тие бараат уште еден возач за да го пополнат и второто место во тимот. Потребен им е искусен возач и почетник. Можно е преговорите со Хулкенберг веќе да се во напредна фаза“, вели Ралф Шумахер.

Според зборовите на Ралф Шумахер, Alfa Romeo до крајот на сезоната на некој од слободните тренинзи може да покани некој возач од Академијата на Ferrari.

„Нивната форма оваа година не е добра и тоа нема да се промени. Сигурно нема да изгубат многу ако на еден од тренинзите остават да вози еден од помладите возачи“, вели Шумахер.

Неговиот внук Мик веќе ги возеше болидите на Ferrari и Alfa Romeo за време на тестовите во 2019 година, а Ралф додава дека не е невозможно сите тројца млади возачи на Ferrari да се најдат во Формула 1 следната сезона, бидејќи се повеќе се шпекулира дека Хаас бара celosno нова постава на возачи за следната сезона.